Американската полиција ги објавила деталите за многу необичниот провалник. Николас Трусдел, кој има само 19 години провалил во една куќа и тамо останал цела седмица. Бидејќи домаќините биле на одмор, тој опуштено се излежувал на креветите, гледал телевизија и јадел од храната во ладилникот.


Во куќата влегол кршејќи го прозорецот од спалната соба. Освен со креветите и телевизорот, провалникот се служел и со компјутерот, па дури и го возел автомобилот на сопствениците на куќата во која се oдомаќинил. Кога полицијата го приведувала, изјавил дека се чувствувал како дома.