Провалникот Мајкл Максвел претепан, полн со модринки завршил прво во болница, а потоа и во полициска станица. Тој заедно со уште три лица се обиделе да ограбат една куќа во Палм Беј додека во неа биле домашните. Кога групата се обидела да влезе во куќата во околу еден часот по полноќ минатата седмица, домашните употребиле физичка сила како би се пресметале со неканетите гости. Не се двоумеле ниту да употребат елктрошок. По судирот во куќата, Максвел прво бил пренесен во болница. Повредите му биле санирани, а потоа бил одведен во полициска станица каде бил уапсен поради провала, грабеж, носење оружје и напад.

Меѓутоа, на полициксата фотографија јасно се гледа дека претепаниот бил тој. Лицете му било отечено и полно со модринки, а маицата искината и крвава. Според полицискиот извештај, бандата провалници пред куќата се довезла во автомобил и се обидела да провали во куќата. Не е познато дали домашните и крадците се познаваат од претходно. Максвел бил уапсен, а останатите тројца побегнале.