Едно пијано момче од Еленсбург, во сојузната држава Вашингтон, провалил во банка во потрага за место каде би можел да преспие. На снимката на надзорните камери се забележувал млад човек кој провалил во подрумот на банката и излегол рано утрото.
Момчето било уапсено и против него била започната истрага поради второстепена провала и непримерно однесување. Капетанот на полицијата изјавил дека момчето било под дејство на алкохол. Момчето изјавило дека не знае зошто го сторил тоа.