Процесот на вљубување во некоја личност трае помалку од една секунда, тврдат италијанските експерти и додаваат дека е потребна само една петина од секунда за човекот да се почувствува како да е погоден од Аморова стрела. Студиите покажале дека процесот на вљубување е сличен на оној кога некој користи кокаин. Кога личноста се вљубува, 12 подрачја од мозокот почнуваат да работат заедно и да произведуваат допамин, адреналин, окситоцин и вазопресин, кои се ослободуваат истовремено. Порталот Кликс пишува дека откритијата го отвориле прашањето дали се вљубува нашето срце или мозок.

Според мислењето на истражувачите од универзитетот Сиракуза, Сицилија, тоа навистина е работа на мозокот, а не на срцето. Тие тоа го утврдиле на тој начин што направиле магнетна резонанца на мозокот на волонтер како би утврдиле дека кога лицето се вљубува во организмот се лачат  допамин, адреналин, окситоцин и вазопресин. Експертите заклучиле дека срцето е само концепт за кој ја поврзуваме вљубеноста, како и дека ефектот „пеперутки во стомакот“ е само мозочна акција на испуштање на адреналин.