Процесот на денационализација во Охрид можно е да се пролонгира до септември, најави претседателот на Општинската комисија за денационализација во Охрид, Славко Лазовски. До истекот на крајниот рок поставен од владата, 30 јуни, Комисијата за денационализација во Охрид треба да реши околу 500 барања за враќање на имот.
Темпото во јануари беше добро, се надеваме дека во наредниот период ќе решаваме по педесетина предмети месечно и дека процесот ќе го завршиме до 30 јуни или евентуално 30 септемвври, рече Лазоски.
Комисијата за денационализација вчера во Охрид одржа јавна седница на која се разгледуваа техниките околу решавањето на преостанатите предмети. Дел од граѓаните чии предмети сеуште не се решени или имаат негативни одговори на барањата, се незадоволни од работата на Комисијата за денационализација. Меѓу нив се наследниците на имот од речиси 100.000 метри квадратни кај авто кампот Андон Дуков, но и на други атрактивни локации во центраот на градот и на крајбрежјето. Најсложени и натаму остануваат скучаите со автокамповите „Градиште“ и „Елешец“, Детската болница, како и зелените појаси во централното градско подрачје и површините на „Градинар“.
Од Комисијата за денационализација сметаат дека совесно и одговорно ја извшуваат работата. Доколку граѓаните се незадоволни од нашата работа можат да се жалат кај други надлежни органи, велат од комисијата. Завршувањето на процесот на денационализиација досега на неколку пати беше пролонгиран. Владата најави дека ова прашање и дефинитивно ќе биде затворено оваа година.
ohridnews