Измените ќе бидат изготвени во најкус можен рок и предвидено е да излезат во наредниот број на Службен Весник, по што би стапиле на сила. Предвидено е со измените наместо како обврска, во правилникот да се препорача возачите да поседуваат противпожераен апарат. Измените ќе се однесуваат само во однос на поседувањето на противпожарни апарати во категоријата на патнички моторни возила, односно возилата за кои беа предвидени противпожарни апарати со тежина до два килограми.
Во однос на останатите категории возила остануваат истите одредби, односно обврската да се поседуваат противпожарни апарати со соодветна големина. Автобусите за градски, приградски и меѓуградски сообраќај треба да имаат по два апарати, еден од 3 и еден од 6 килограми. Товарните моторни возила до 10 тони треба да имаат еден апарат од 6 килограми, а оние со повеќе од 10 тона – два апарати.
Извор: “Макфакс”