Познатиот хотел од мраз, кој секоја години наново се гради на северот од Шведска, добил налог од локалните власти да постави противпожарен аларм. Угостителскиот објект, сместен во малиот арктички град Јукасјерви, морал да вгради противпожарни апарати поради безбедноста на своите гости. Претставничката на хотелот, Беатриса Карлсон, рекла дека на почетокот биле малку изненадени, но причина биле запаливите предмети, како перниците, вреќите за спиење и еленските кожи. Истакнала дека ним секако најважна им е безбедноста на гостите.
Хотелот ќе биде отворен од 6 декември до 13 април. Цените за ноќевање се движат од 212 евра за еднокреветна соба до 800 евра за најскапиот апартман. Туристи од целиот свет доаѓаат во овој хотел како би спиеле на кревет од мраз на температура од минус осум степени. Поради поставувањето на алармот, кој бил тестиран уште минатата година со локалната противпожарна служба, конструкцијата на хотелот, изграден како уметничко дело, морала да биде уште поцврста. Карлсон објаснила дека средината е влажна, а снегот и мразот се движат, на што морале посебно да внимаваат.