Реновирањето на “Градски“ нема да им смета на фудбалерите на Македонија и Србија, приjателскиот натпревар на 6 февруари да го одиграат во Скопје.

Со соодветна заштитна ограда ќе биде обезбеден урнатиот “Север“ без да се наруши бебзбедноста за гледачите и актерите беше соопштено по последната средба ФФМ – ГП “Бетон“ и Јавното Претпријатие за Стопанисување со спортски Објекти.

Македонија и Србија го договорија тест-натпреварот, но оставија простор градот-домаќин да биде одреден дополнително.

Селекторите на двете репрезентации за овај термин кој е во календарот на УЕФА очекуваат да ги имаат на располагање сите расположиви играчи.

Сречко Катанец поширокиот список ќе го објави наредната недела.

Ohridnews