Според сите досегашни активности на ФФМ, направени се две инспекции од страна на УЕФА. Исто така на 5. Мај во посета на федерацијата беше и делегација од шкотската ФА.
Во начело шкотската делегација беше задоволна од условите на Градски при што ја прифатија без забелешки информацијата дека средбата ќе се одигра во попладневен термин кој дополнително ќе биде одреден.
Градскиот стадион во Скопје, кој е во изградба, доби зелено светло од УЕФА за одигрување на меѓународни натпревари на нашите претставници во европските купови .