Врвит ова година, ќе ни дојт нова, а јас морам да ја сумирам она шо си сиодвит. А заминувачката година најмногу ќе ја памтам по борбата. И то не обична борба. Туку борба за спас на НРСМ. Сите до еден ја спасвевме и ни остана уште многу работа да ја спасиме државава наша да не ојт јабана. Како? Ојдена е? Аааа не прифаќам вакви паушални и монтирани изјави, кај шо се гледат од авион дека све то е лепено. Лепено не лепено ние ја почнавме годината со борба, ја теравме цела во борба и ваљда така ќе ја за вршиме.
А прв борец кој пркна во НСРМ беше дректорот на “Македонија чат пат“ извесен Гајур Османи, на кого овај непредвидлив снег го заеба и му заврна во декември дури се дрзна и врнеше и јануар. Наместо во јули како сегде во светов. А она шо ме бендиса беше то шо Гајурчо изјави дека секогаш ЈП “МЧП“ ќе е тука да му помогвит на народот. То е исто пример ако одам на хирургија и др-от да ми е на располагање, да ми помогвит дур си ги сечам хемороидиве. Фала Гајурчо твоја помош не ни требит.
А пак Теута Арифи се бореше да не привлечит да научиме албански и то без пари и јас се фрлив одма ревносно да учам и ги научив основните работи: komandë (повелете), se si të ndihmojë ( како да ви помогнам) …тииии како ми ојт…. ky është gazi im (ова е мојот газ )….брееее растурам…. Unë kam vazelinë ( јас имам вазелин )… tani përhapur këmbët e mia (сега ќе ги раширам нозете)….
Мене многу работи ми остаја впечаток во оваа година, ќе издвојам некој, но ќе приметите дека во секој дел се насетвит борба за арно на НСМР, кој како го чактисав ко да се водев од то колку се борел за државава. Е сега некој можит то ќе го свати како борба против НСРМ. Ај ќе остам да одлучите сами дали сте PRO или VERSUS.
Цела година бевме преокупирани со раѓањето на македонскиот Бошко Буха. Фрли многу бомби во јавноста ама мене ме стресе и одлучувачка за иднината на НСРМ ми беше следнава:
Првиот спасувач кој се појави беше Зајко. Зајко…..абе заслужвит да го викам Бошку Буха. Се размава со бомбите санќим Путин го прати во Сирија. Најави чоекот страшни бомби и јас цел се напрајв уше така шо школкава не ми ја собираше в дневна. Чоекот борејќи се за Македонија мана бомби и бомби и цел арсенал на експлодирачки средства за јас да дознам дека ќерка му велит да и купит тетратка. Јака бомба. И е. Зш му остај отворено прашање дали со широки дали со тесни и широки или пак со тесни. Ќе да е со тесни, зш некако Зајко ко да ми се стесна ова година. Ко почна да ги објавуват бомбите јас се префрлив на “Малечката невеста“. Не оти гледав разлика.
Ами море Зоранчо лично дете јас очеквев прес конференција кај шо ќе напрајш бум. А не очеквев дека ќе прајш римејк на “Малечката невеста“ во појќе продолженија од оригиналот. Дал знајш или дал имаш осет на што све не ставаш со твојте дневни дози на снимени разговори? Па се скренавме бре. Запоставивме и деца и фамилија и здравје на крај на краиштата. Објави еднаш шо е за објавување и да свршиме еднаш сите. Јас лично во животот оргазам на рати сум немал. И шо е следно сега шо ќе објавиш? Мијалков кај шо си се јави сам на себе и си предложи брак? Ај жити леб.
Во нашата борба за подобро утре воведовме и лечење преку телефон. Санќим врачој сме:
Тук се забрбав ќе забораев да се јавам на “Ало докторе“. Сакав да прашам за стрина ми шо си ојде од кај стрико ми зш овај ко ќе јадел многу мљацкал, а нејзе и било грозно. Стрико ми рече дека не било то мљацкање од шо сакал туку долната вилица намерно неубо му ја напрајл Сандре забарон зш ко биле мали стрико му му ја зел стрина ми, на Сандрета му била женска, лажејќи ја дека Сандре наводно имал, нагласвам н а в о д н о, големи хемороиди како цицки и стрина ми се згрозила и го остајла.
И дел од свештените лица се бореа за иднината, ама за својата, поточно да купат гуми за возилата:
И сосем во ред е цената за венчавка од 6000 денари. Едино само ако попот не учествувал на Пинк Звезди. Ако пеел таму се креват за 20%, ако се пласирал со 4 фотељи за 30%, со 5, значи директно без бараж за 40 %. И мораат да се земит во предвид дека цената е менлива во однос на то дали се пејт лирски сопран или баритон или контра алт или попот е камен пијан. Како ам.
Пратејќи ги борците за НСРМ запознав и нови лица. Пример….Вице брат му на Зоран Буха:
Как да е, за премиер Заев на НСРМ зш имат шо да понудит за нас НСРМ- ОВЦИТЕ. Додуша јас не знам точно шо во моментов ќе понудит, ама знам дека сигурно имат да ни дајт крастајци. Чоекот то одгледвит заедно со брата му Вицета. Плус и сега му префрлија на Вицета субвенции од 200 000 еври и крастајците ни се загарантирани. А ако не е, одма мавам шатор дур не ми се исполнит желбата.
Маркатно лице во 2015 се покажа и министерот Адеми. Прво ги израдви учениците:
Море деца знајте вие дека си имате работа со најголемиот познавач на образованието или не? Аман бре деца свестетe се дека пред вас стојт Анјштајн за образование, а можда и наука. Алооооо кој мојт појќе да ја разбират оваа работа од инжинер по металургија? А? Плус то и то шо го имат завршено ептен го имат простудирано. Наместо за четири години, осум се акал по клупите. Па то бре брате е простудирано и прочачкано како требен ориз.
А после и просветнитте работници кој почнаа да земет кредити за да плаќет за вода:
Против екстерното? Абре да останит алоооо и да е построго. Шок Адеми немој да си имал милост. Ако не се поклопет резултите на екстерно бркај ги одма. Море шо бркај ги, абре згази ги. Море одма да ги обесиш на некое дрво пред школото кај шо си игрет курташак. Како ам. Абре да се сотрет ако требит еден професор да не останит. Викни им на нив в тиква и пола проблеми во НСРМ се решени.
Е негде на средината на годинава некако и јас се потпосрав и ко да осетив дека некој онанират на мојте телефонски разговори:
Зато синко крши то телефоните да им се прднам да им се напрдам во нив. Од утре контакт со димни сигнали како Индијанцине. Нека знајт секој шо сакаме да кажиме. Јавно. Плус то е добро и од економска гледна точка. Нити пари за опрема, нити нешто тајно ќе е, нити ќе требит да им лижиме газојте на странски служби да ни помогвет. Како Индијанци. И онака по она како живејме не сме ништо понапред од Сијукси и Апачи.
Дан заборам дека го спомнав и Охрид. Веќе заличи на акропола….не не грешка..метропола???
Абе то се копат, се равнит, пак се копат, па цевки се редат, хеликоптери одозгора чакал фрлет, па се равнит…и шо најмногу се зачудив одма позади се редит асфалт. Абе не се ни гледат дека тука е работено. Зато денојве јадет лајна зли језици дека ко си ошол Бакрач одма заминале машините. Само да се зборвело. Па Баки не е ко другине политичари да лажит…не така?
Во целата ова борба за подобро утре на една личност му се лутевме шо не се појавуваше, ама од време на време ко ќе гугнеше сите ги паѓаше на г`s , ги ничкосвеше….од смеење:
Зш види. Тој е председател на една држава. Можда поарно е да не зборвит. Зш председателот ако прозборит сјебана е ситуацијата во државата. Сигурно имат политичка криза или немири или незадоволство или демонстрации или митинзи или незадоволен народ или бомби на некоја опозициска партија или вистински бомби како Куманово или…..абе со еден збор речено лајно или банана држава. Ама не е така. Иначе Хорхе ќе реагираше, председател е или шо е да му се прднам.
Во таа наша борба многу ни помогна и најголемиот борец за демократија, после Обама, шок Али Амети, најмногу со својата скромност:
Незнам пак како помина со број на читатели веста кај шо водачот на вечно загрозените, Али Амети, постави нови барања до ВМРО и до СДСМ. Јас ја прочитав. Како секогаш шок Али ја искажа скромноста во својте барања. Мада јас би бил малку по ревносен зш во ниту една точка од новиот договор за стабилизација на стабилната НСРМ нигде ги немат албанците. А шокоф ми се чинит дека и список за стрелање да имат ќе се налутит ако не партиципирет неговите загрозени. Важно да се спомнати. Не е битно али за арно али за лошо али зарди Али.
Пропорционална поделба на буџетот, ротирање на клучните државни позиции, прашањето за употреба на албанскиот јазик биле дел од барањата кои ќе требет да се разгледвет на работните тела формирани по договорот од 15 јули. И сега барат многу борецов? Јо.
Можда се изморвевме во таа борба, многу се трудевме, можда и трудни ќе останиме но сепак не отстапивме од нашиот караткер, карактер на македонците, со сите да сме арни, само незнам зш ко ќе се спомнит зборот АРЕН за НСМР-овциве се мислит на газолижач. Ја оправавме со грците:
Според мерките ние требит само да си купиме вазелин, од онај новион со примеси на D витамин, ко ќе ојме кај нив на летовање понежно да кажиме дека сме од “Скопја“ и дека сме “педерс“. После ако е можно да ојме со коли кој не се металик боја, зш металикот тешко се гребит и ко ќе се вратиме во НСРМ да кажиме дека детето ни ја исчкрта колата зш заборајвме да му купиме боенка. Е то е све. Јас се надевам дека мојме како храбри македонци ова да го напрајме. А?
Од арнотија дури решивме да примиме за пратеници и сиријци. Како ам:
Или ај ќе напрајме компромис. Разумен де. Ако не сакаш од дијаспората еве ќе клајме 30 пратеници од сиријциве. Па никој појќе од сиријциве шо дојдоа не ни ја познават нашава проблематика. Така? Е така. Ама вака да ојт. Прво да видиме кој ќе победит за да мојме да му дајме уште 10 бонус пратеници од негојте, па 30 сириски пратеници од негојте, па уште 20 бонус за неговите сиријци, па 3 од картите, 10 од на татко му и на мајка му…..и така ќе добиеме нови не оние шо сме ги гласале пратеници, ама по објективни амин.
Значи сакавме да сме лидери во регионот и во светот во све. И како ни врати светот? Ни го закачи и ко бевме сигурни во победа во категоријата мизерија е тогаш они на нас:
Ееееее три децениии да работиш за на секоја листа да си лидер, посебно асли машка работа фрливме и на ова листа на мизерија да сме лидери тие не акнаа на осмо место. А три децение праевме да го освојме првото место. Све шо беше фабрика затворивме, го измисливме ТАТ, пропаднавме гиганти како Лихнида, Отекс, Алумина и да не редам. Напрајве апашка приватизација. Секоја година ја зголемвиме границата за пензија за шо појќе луѓе да не ја дочекет.
Но не заборававме да работиме и на домашен терен за да сме педери, лидери де, во регинот и здушно се припремаме за избори:
Останаа уште некој мали ситници. Околу избирачкиот список. За глупости и ситници неможат да се договорат. Или пак намерно прает така нас да ни е интересно. Никако да се договорет околу то од ко ќе гласаме дал да не прснат на палецот или на газот. Можда е заебано на газот зш ко ќе ојме да гласаме ќе морат секој да му се напучит на спроведувачите на изборите без разлика дал се од власта или опозиција. А пак ако не прскет на прстот имат будали меѓу нас намерно ќе го закачит палецот в гас и ќе одет пак да гласет. Незнам шо да речам.
Собравме сила и да советвиме други како да си ги решат проблемите, посебно во Париз:
Прај ко шо ти велам зш ние сме ептем искусирани. Во тимот ќе го клајш и Робертсон. Во даден момент тој ќе кажит дека тие не се терористи туку ептем загрозени борци за права. Исто Робертсон е специјализиран, беше на аџилак во Америка за фрлање на анатема. Анатемата ќе се фрлит на секого кој после неговата промена на терминот во „борци за права“ речит „терорист“. А ќе се манифестират со појава на херпес на јазикот.Никако тепање на терористите по гла. Никако. Само по газ. Ако ти убиет некој бранител на земјата, ти дај му уште два да оперет. И нека пазет твојте ко ќе употребвет сила. Да не е прекумерна. Ко ќе го акнит некој тер…еве ќе закачев херпес….борец за права, секој твој бранител да ја измерит силата на ударот и со максимум 10% да вратит. Нормално ако преживејт. Ако не, ова не важит. Нагласи му го ова.
А немат ништо подобро од задоволството на некого ко ќе му помогниш. Прво шо процутвит тогаш е љубовта која нема граници, а најмалку полви граници:
Бар така видов на “Јади Бурек“. Мене така ми гледаше. Можно е Латас и Јанко да се заљубени. Зш едно-едно овај му ојт на гости кај вториов. И се виде јасно во емисијата како милно Јанко го гледаше. А овај првиов имаше блажена фаца санќим бурекон го фелационират ко да се на прва брачна ноќ . И уште еден факт. Ако Латас беше фелационистер ќе беше со секој шо е на власт. А јас лично и искрено тврдам дека по политички недеформиран и недоопредел немат.
После сето ова вака напраено јас бев и сум сигурен дека НСРМ во сите категории ќе станит лидер и покрај јаките притисоци дека од ова дивурија, од оваа поле полно со коров и трња држава не бидвит. А за моето мислење имам и аргумент:
Уф најбитното. Ми рекоа почекај со колумната да видиме шо ќе се десит вчера, недела, и денес, па после траскај зелени. Се навредив. Зш јас сум сигурен дека кој и да е на овие митинзи, та Зајко, та Коле, државава ќе ја средат. Зш нити едниот нити другиот не шират омраза, не го терет народот да се мразит меѓу себе, нити пак го делат народот на комуњари и вмр-овци, туку го сплответ, двајцата се за мир во НСРМ та кој и да е све во НСРМ ќе цветат. Е сега и едниот и другиот шо ни ги расцветаа газојте то е друго. Или не?
Ај среќна да ние Новата 2016 – та Година. Ова шо идат за некој ден. Ак ја дочекаме.
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив