Сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија  во рамките на 4. коло во “Б“ Групата од “Б“ Дивизијата, ќе се сретне со лидерот во групата, селекцијата на Португалија.

Избраничките на Видоја Секулоски ги добија дуелите со Естонија (67-64) и Луксембург (67-53), во минатото коло беа слободни, додека Португалија, по високиот пораз дома против Шведска на стартот, славеа на гости над Естонија , а дома го совладаа Луксембург со убедливи 80:32. По оваа победа Португалија е лидер во групата со 5 бода, 1 повеќе од нас и Шведска, кои имаме максимални 4 бода, но од 2 средби.

Натпреварот помеѓу Македонија и Португалија ќе се игра во салата “Јане Сандански“, со почеток во 17.00 часот.

ohridnews