Наместо пречестата употреба на аналгетици, подобро е да се обидете со природните начини на лечење, а следните намирници може да помогнат.

Печен компир
Нашиот омилен прилог на главното јадење, може да помогне и да ја ублажи главоболката, особено ако главоболката има врска со консумација на алкохол претходниот ден.
“Бидејќи алкохолот е диуретик, тој предизвикува не само дехидрација, туку и загуба на калиумот. Храната богата со калиум може да ја олесни главоболката од мамурлукот“,вели диетичарката Ерин Палински.
Печениот компир е еден од најимпресивните извори на калиум: дури 721 мг., во споредба со инаку популарната банана која има 467мг.

Лубеница
Најчеста причина за главоболката е дехидрацијата, дури и да не е поврзана со мамурлукот, тврди нутриционистката Стела Метовас. Затоа вреди да се обидете со богата комбинација од овошје и зеленчук кои содржат есенцијални минерали како што е магнезиумот, бидејќи така можеме дури и да ја превенираме главоболката. Одличен коктел е следниот: 200 гр. лубеница, малку мраз, пола лажичка мед и малку нарендан ѓумбир.

Сусам
„Сусамот е богат со витамин Е“,објаснува Палин. Сусамот помага да се урамнотежи нивото на естроген и да се смири мигрената за време на месечниот циклус. Затоа секоја ваша салата, пржена храна, па дури и супа, посипете ја со малку сусам. Подобро и од аспирин.

 

извор:zenstvena.com