Македонската машка одбојкарска репрезентација загуби во клучниот меч против Белорусија со 3-2 по сетови 19:25, 25:22, 16:25, 25:21, 18:16.

Со победа нашите ќе го завереа второто место кое води во баражот за пласман на Европското првенство 2009 во Турција.

И покрај поразот теоретските шанси се уште постојат. Потребно е освојување сет против Франција (СРЦ Кале 20:15 часот), и пораз со што повеќе освоени поени против апсолутниот фаворит во групата.

Табела група Ц
1. Франција 10 бода,
2. Македонија 8,
3. Белорусија 7,
4. БиХ 5.

ohridnews