Членови на потесните семејства на 15-те бугарски туристи кои пред неколку години загинаа во бродската несреќа во Охридското Езеро, вчера одржаа мирен протест пред македонската амбасада во Софија, поради сквернавењето на спомен-плочата поставена на градскиот кеј во Охрид.

Демонстрантите на македонските дипломати им врачиле писмена реакција и побарале од бугарската влада да реагира во Скопје со цел преземање мерки против оние кои го оштетиле обележјето.

Инаку, пред повеќе од две недели, спомен обележјето поставено во чест на загинатите бугарски туристи, беше исцртано со вулгарна содржина.

OhridNews