Околу 70 млади Христијани демонстрирале на Филипините во знак на протест поради претстојниот концерт на Лејди Гага во Манила. Младите членови на една еврејска младинска организација извикувале пароли со кои барале откажување на концертот. Тие соопштиле дека се навредени поради музиката и спотовите на Лејди Гага, посебно поради нејзината песна “Judas“, бидејќи како што тврдат, тој сингл го исмејувал Исус Христос. Водачот на протестите и некогашниот конгресмен Бен Абанте изјавил дека неговата група планира да поднесе тужба против контраверзната пејачка и организаторот на концертот, доколку таа ја испее спорната нумера на концертите во Манила во понеделник и вторник.
Поранешниот градоначалник на Манила истакнал дека пејачката и организаторите на концертот би можеле да бидат казнети поради навреда на религијата. Лејди Гага веќе имала проблеми со најавениот концерт во Индонезија, кој била забранет од страна на полицијата. Турнејата на пејчката низ Азија започнала минатиот месец и влезниците за многу места на кои ќе настапува се распродадени. Во Јужна Кореја, на барање на тамошните конзервативци, на помладите од 18 години им било забрането да присуствуваат на нејзиниот настап.