Утрово во Струга протестираат средношколците македонци. Тие се незадоволни од мерките кои се преземаат за елиминирање на инцидентите кои неодамна кулминираа со масовни тепачки помеѓу учениците Македонци и Албанци.
Средношколците бараат средба со градоначалникот Мерко на кого ќе му ги пренесат своите барања.
учениците физички ќе бидат разделени
Во меѓувреме во средношколскиот центар во Струга каде се сместени училиштата „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ започнаа градежни работи за физичко одделување на влезовите како подготовка за воведување етнички смени во училиштата.Средношколците македонци најавија дека ќе ги продолжат протестите се додека наставата не започне да се одвива во етнички смени.
ohridnews