Средношколците од завршните години во земјава, бараат генерацијата 2007/08 да не полага Државна матура, туку таа да почне да се применува од следната година. Тие за денеска најавија нови протести пред Министерството за образование во Скопје.
Протести како што соопшти Унијата на средношколците денеска ќе има и во другите градови во земјата, вклучително и во Охрид.
Министерството за образование соопшти дека полагањето државна матура нема да биде одложено, туку единствено ќе бидат корегирани завршните тестови кои на пробното полагање се покажаа како претешки за матурантите.
ohridnews