Повеќе илјади граѓани, главно млади, во Скопје протестираа против промената на уставното име на земјата. Протестот кој се одвиваше под мотото „Не го даваме името“ започна околу 18 ч. на плоштадот Македонија во Скопје, но набргу потоа главнината од толпата се упатила кон амбасадата на Грција која била каменувана. Пред амбасадата имало силно полициско обезбедување, а дошло и до кошкање на демонстрантите со полицијата.
На плоштадот Македонија останаа организаторите и околу стотина граѓани. Охриѓанецот Богдан Илиевски, еден од организаторите на протестот, во изјава за Ohridnews, се огради од однесувањето на поединци кои ги повеле демонстрантите, како што рече во друг правец. Кој и каде ги поведе демонстрантите и што се случувало таму не знам, ни изјави Илиевски. Тој не информираше дека набргу потоа поголем дел од демонстрантите се вратиле на плоштадот Македонија каде со песна и оро достоинствено и мирно и без инциденти бил завршен протестот против промена на уставното име, што го организаираше невладината организација „Младите знаат“. Го осудуваме секој чин на насилство бидејќи сметаме дека на тој начин не се бранат националните интереси, напротив патриотските чувства треба да се искажат достоинствено, а песната и орото на најдобар начин го отсликуваат нашиот идентитет, ни изјави Илиевски.
Протестите во Скопје се случija само неколку часа откако посредникот во спорот за името, Метју Нимиц во Атина го соопшти најновиот предлог, за кој деновиве треба да се изјаснат владите на Македонија и Грција.
ohridnews