Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денес во 12 часот и 5 минути како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите го започнаа протестниот марш.

Семејствата се сретнаа со Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и тимот обвинители кои ја водат истрагата за трагичниот пожар. Од Обвинителството уверуваат дека истрагата е сеопфатна и дека се разгледуваат сите аспекти на евентуална одговорност.

Одговарајќи на сите поставени прашања и дилеми на блиските на починатите, обвинителите ги уверија дека истрагата е сеопфатна и се земаат предвид сите аспекти на евентуална одговорност за трагичниот настан. На семејствата им беше најавена и динамиката на претстојни распити на оштетените како следна фаза од истражниот процес, соопшти Обвинителството.

Маршот од пред Обвинителство продолжи пред Собрание каде повикаа на одговорност и отставки од пратениците семејствата на загинатите. Овде имаа средба со пратеници од Левица и СДСМ. Најпрво излегоа пратенците на Левица Борис Крмов и Јована Мојсоска, по што и пратениците од СДСМ, по што имаа разговор и со лидерот на опозицијата Венко Филипче.

Семејствата од пред Собрание се упатија кон Министерството за внатрешни работи, каде имаа средба со министерот Панче Тошковски кој изрази уверување дека правда за овој случај мора да има ако сакаме да имаме нормална држава, посочувајќи дека во интерес на истрагата не може да изнесе повеќе детали во овој момент.

Не сакам политика да правам од ова. Не сметам дека овие деца го заслужуваат ова. Верувајте. Истрагата е се уште во тек. 70 луѓе се досега осомничени. Ова што го говорите го разбирам и го разбирам гневот, изјави Тошковски.

Тошковски, меѓу другото, посочи дека за случајот досега осомничен е и актуелен министер, актуелен директор на ДЗС и актуелен градоначалник.

Повеќе на линкот.

OhridNews

извор. Република