Македонските граѓани го живеат најцрното владеење, најцрното владеење на најнеспособната влада во историјата на Македонија, велат од партијата ВМРО ДПМНЕ, која вечерва во Скопје организира протестен марш.

Од периодот што измина единствено може да се заклучи дека оваа неспособна влада не испорачува резултати и води штетни политики за државата и за интересите на граѓаните.За година и половина власт нема ниту еден капитален проект со кој може да се пофалат, но затоа има криминални тендери, корупција, сомнежи за тешки проневери и изневерени очекувања. Во една ваква една ситуација, не е само наше право, туку пред се е наша обврска да се спротивставиме на овие црнила. – велат од ВМРО ДПМНЕ.

Опозициската партија накави дека ќе продолжи со протестните маршеви и собири во наредниот период во Скопје, но и во останатите градови од нашата држава.

OhridNews