Студентите на еден унгарски универзитет се појавиле на предавањата по долна облека во знак на протест поради воведувањето на новиот правилник за за облекување. Ректорот на универзитетот во Капошвар, на југозападот на Унгарија, им се обратил на студентите со писмо во кое ги известил за новите правила за облекување, темно одело и чевли за машките, сако, кошула или долга сукња за женските. Во писмото било наведено дека од 1 октомври немало да бидат толерирани мини сукњите, отворените чевли, нападната шминка, нападните модни детали, како и неуредниите нокти и коса.
Користејќи ја напомената дека ќе им биде дозволено да носат нешто полесна облека само за време на топлите летни денови, некои од студентите на предавањата отишле во долна облека. Еден од нив рекол дека биле адекватно облечени, но во училницата било толку топло што ја соблекле облеката во склад со правилникот. Студентите на наредниот протест планираат да носат сандали и крпи за на плажа, а истиот бил закажан за 7 октомври.