Пред Владата вечерва продолжи протестот под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“. Учесниците се против прифаќањето на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на С. Македонија во ЕУ.
Според нив, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки.
Протестот официјално нема организатор, но е поддржан од граѓански организации и политички партии меѓу кои и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
Тие сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси, меѓу кои и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
Протест против Францускиот предлог вечерва имаше и во Охрид. Граѓани меѓу кои имаше и политичари, со транспаренти искажа негодување за процесот упатувајќи пораки против францускиот предлог и апели да не се потпишува. Тие најавија дека протестите ќе продолжат утре исто така во 19 часот.
OhridNews