Во пресрет на обелоденувањето на најновиот предлог на медијаторот Метју Нимиц во преговорите помеѓу Република Македонија и Република Грција, околу спорот со името, невладината организација “Младите знаат…”, во вторник во 18ч. ќе организира мирен протест на плоштадот Македонија. „Со овој протест сакаме да го искажеме нашиот став цврст како граѓани на Република Македонија, дека НЕ прифаќаме промена на уставното име на нашата Република Македонија“, се вели во соопштението што до медиумите го испрати оваа невладина организација.

„Протестот има за  цел да ја покаже силната волја на македонските граѓани кога станува збор за неповредливоста и неменливоста на уставното име на нашата земја, а секој македонец кој не е во можност да допатува во Скопје од оправдани причини, нека покрене слична иницијатива за одржување на сличен мирен протест во своето место на живеење“, се наведува во соопштението.

„Не станува збор за желба за минирање на патот кон НАТО и ЕУ на нашата земја во овие тешки времиња. Напротив, со ова сакаме да дадеме поддршка на сите кои сакаат нашата земја да го добие заслуженото место и привилегии кои ги носи членството во овие организации, но никако по цена на менување на нашето уставно име. Никако по цена на рушење на нашиот национален идентитет“, се вели во соопштението на невладината “Младите знаат”.

ohridnewws