Жителите од населбата Воска денеска на мирен протест ќе го изразат револтот од нерешениот проблем со зафаќањето на отпадните води од реката Грашница, која е еден од најголемите загадувачи на Охридското Езеро.
Тие се револтирани од бавното решавање на проблемот и најавуваат дека преку разни демократски форми ќе продолжат да вршат притисок врз градските власти се додека не се преземат конкретни мерки и не се спречи натамошното загадување на Охридското Езеро од реката Грашница.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com