Жителите на селото Климештани најавуваат граѓански протест утре на сред село во 11 часот против каменоломот во непосредна близина на селото.
Преку протестот ќе го изразат своето незадоволство од начинот на кој се експлоатира ископот и како што велат непридржување на компанијата што стопанисува кон законските одредби.
Жителите се револтирани што со копањето селото и нивните ниви се затрупани со прашина, а од минирањето во каменоломот се пореметува статиката на нивните објекти за домување.
Селото Климештани е покриено од прашина, а минирањето ни ги оштетува куќите. Земјоделските насади ни се загрозени како и водоснабдувањето. Немаме време да чекаме на милост или немилост од одговорните. Ги земаме работите во свои раце, се наведува во повикот за најавениот протест на Климештанци.
OhridNews