Четириесетина вработени во ГТД Бетон -Охрид, денеска протестираа пред некогашната дирекција на фирмата во Охрид. Тие бараат исплата на заостанатите плати и придонеси и решавање на нивниот статус.
Како што не информираа, работниците не зеле плата 14 месеци, а придонесите за пензиско и здравствено осигурување не им биле платени 9 години. Тие го обвинија раководтсвото дека на нетранспарентен начин го распродало имотот на фирмата во Охрид, Струга и Ресен вреден околу 3,5 милиони евра. Тие бараат надлежните иснпекциски служби, УЈП и Судот кој како што информираа веќе имал донесено извршно решение, да го расчистат случајот.
вработените во Бетон бараат решавање на статусот
Работниците кои повеќе од една година се на улица бараат конечно да им биде регулаиран статусот. “Не сме ниту избркани од работа, ниту прогласени за технолошки вишок. Не земаме плата, не сме осигурани, а ниту ни ги даваат работничките книшки. Немаме сини картони и не можеме ни на лекар да одиме. Бораме оваа агонија да престане“ велат револтираните работници.
Дирекцијата на ГТД Бетон е продадена и празна, а нашите обиди да стапиме во контакт со раководството на фирмата за да го слушнеме нивниот став беа неуспешни.
Горан Момироски