ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид ги повикува на протест сите граѓани, кои не се согласуваат со политиките на Власта денес од 15 до 17 часот со блокада на кружниот тек кај Мини Маркет.

Единствен начин да се спречат штетните политики на власта е јавноста со својата критика и народот да биде на улиците. Народот докажа дека е обединет против оваа ненародна власт, – стои во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ се извинуваат поради прекинот на сообраќајот во тој период од денот и ги повикуваат граѓаните да ги користат останатите улици во градот за непречено одвивање на сообраќајот.

OhridNews