„Скапа струја, сиромашен народ“. Под ова мото опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Скопје го одржа првиот од најавените серија протести, кој беше против зголемувањето на цената на струјата.
На протестот што започна пред Министерството за правда, а заврши кај Регулаторната комисија за енергетика, се обрати лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој побара враќање на старата цена на стујатата преку намалување на тарифата на универзалниот снабдувач, како и професионализација на Регулаторната комисија за енергетика со натпартиски кадри.
Не е исто проценот на универзалниот снабдувач да го множите со 100 или со 110. Со одлуката за поскапување на струјата на универзалниот снабдувач му се овозможува дополнителни 1,8 милиони евра приход само за една година. – рече Мицкоски.
Мицкоски, исто така, побара викенд без ДДВ во септември, потсетувајќи ја владата дека тоа го ветила пред изборите и мора да го исполни.
Имате време на следната владина седница наместо да рушите тоа што диво го изградивте, наместо да делите мандатни писма, донесете одлука којашто ќе биде за интересите на овој народ – викенд без ДДВ. – побара Мицкоски.
Лидерто на ВМРО ДПМНЕ најави дека протестите ќе продолжат, посочувајќи дека народот веќе не може да трпи и затоа излегува на улица.
Кога неправдата станува закон, отпорот и протестите ќе продолжат се додека не ве детронизираме онаму каде што со поткупени и наместени избори се наоѓате. Затоа ќе не има се повеќе и ќе не има насекаде низ цела Македонија. – порача Мицкоски.
OhridNews