Стоматолозите од примарната здравствена заштита денеска ќе одржат протест пред Министерството за здравство незадоволни од надоместот што го добиваат.
Тие се незадоволни од висината на капитациониот бод и сметаат дека средствата што ги добиваат од пациентите по основа на капитационен бод, не се доволни за опремување на скапите ординации, набавка на опрема и материјали.
Министерството и Фондот тврдат дека барањата на стоматолозите од примарната дејност се неосновани. Според министерството стоматолозите треба да се задоволни, бидејќи од Фондот секој месец добиваат по 45 денари за пациент, без разлика дали тој се лекувал или не, наплаќаат партиципација од 100 денари, а имаат можност да остваруваат и дополнителни приходи.