Здружението на работниците со над 25 години работен стаж и нерегулиран статус денеска ќе протестираат пред Собранието и Владата. На протестите ќе учествуваат и членови на Здружението на работниците со над 25 години работен стаж и нерегулиран статус од Охрид.
Тие бараат да се сретнат со претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски и со премиерот Никола Груевски, како и да продолжи 69-тата седница на чиј дневен ред е Предлогот за донесување закон за измени и дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.
Стечајците најавија дека нема да отстапат од своите барања конечно да се реши нивниот статус.
ohridnews