Работниците со над 25 години работен стаж со нерегулиран статус, стечајни работници, технолошки вишок и загубарти денеска ќе протестираат пред зградата на Владата во Скопје.

Стечајците не се задоволни од како што велат игнорантскиот однос на Владата кон нив.Тие бараат решавање на нивниот статус до пензионирање или идно вработување, како и минимален месечен надоместок со кој би можеле да ги плаќаат давачките кон државата. “Државата има време со недели да расправа за празници, а нема време да го реши проблемот на стечајците“, вели престедателот на Здружението на работници со над 25 години работен стаж со нерешен статус, стечајни работници, загубари и технолошки вишок од Охрид, Иван Николоски.

Подршака на стечајците им изрази Сојузот на синдикатите на Македонија -ССМ. Власта ги заборави стечајните работници, изјави вчера во Охрид претседателот на ССМ, Ванчо Муратовски. “Ниедна досегашна влада не беше чесна кон нив. Партиите додека беа во опозиција зборуваа дека ќе им го решат прашањето за кога ќе дојдат на власт да го заборават тоа“, рече Муратоски. Тој напомена дека раководството на стечајците се одалечило од ССМ, но  дека синдикатот и натаму ќе ги подржи сите напори за решавање на статусот на оваа категорија работници.

Г.М.