Враќање на 13 пензија, реални зголемувања на пензиите, намалување на даноците на основните производи, се дел од барањата на грчките пензионери кои денеска излегоа на протест во цнтарот на Атина, јави дописничката на МИА.

Од пред грчкиот Парламент, пензионерите се упатија кон премиерската палата каде што нивни претставници предвидено беше да се сретнат со претставници на Владата.

Пензионерите со кои поразговара дописничката на МИА од Атина, велат дека со сегашните пензии тешко издржуваат до крајот на месецот и бараат мерки за поддршка од Владата.

Гладуваме, затоа сме тука. Како поранешен возач на автобус имам поминато над 9.000 километри и сега немам пари за билет, вели еден од пензионерите.

Пензионерката Афродити пак, која работела во грчките пошти, вели дека се измамени од Владата и премиерот Мицотакис со најавите за зголемување на пензиите, бидејќи според нив, покачувањата не се вистински.

Мора да пратиме силна порака д Владата. Овде сме, присутни сме и бараме веднаш да бидат исплатени сите пензии, да има вистински зголемувања, да се врати 13 пензија, но и сите кратења. Мораме да реагираме, бидејќи живееме во сè полоши услови, вели за МИА пензионерката.

OhridNews