Помала група музичари, угостители и јавни личности денеска на градскиот плоштад во Охрид спонтано изразија незадоволство од новите протоколи, со кои, меѓу другото, се забранува секаква организација на музички настани, како настапи на музичари и диџеи во угостителските објекти.

Тие се солидаризираа со угостителите, сопственици на ноќни клубови, кафетерии, ресторани, музичари и други засегнати лица од оваа индустрија, кои денеска пред. Владата одржаа протест против затворањето на ноќните клубови и новите протоколи.

Бараме да се променат донесените протоколи и да им се овозможи на сите кои егзистираат од оваа индустрија да може да си го обезбедат парчето леб. – порачаа учесниците на протестот во Скопје .

Новите протоколи го ограничуваат присуството во угостителските објекти каде на една маса можат да седат максимум 4 лица, а гласноста се ограничува на 55 децибели. Свадбите и сите дрруги веселби и масовни собирања исто така се забранети.

Г.М.