Околу 300 потполно голи луѓе се повозиле со велосипеди низ центарот на главниот град на Перу, Лима, во рамките на протестот кој го организираат седум години по ред, со цел да го свртат вниманието кон лошите безбедносни услови во сообраќајот, барајќи мерки за заштита на велосипедистите.


Организаторот на протестот Октавио Сегара рекол дека велосипедистите протестираат без облека на себе за да покажат дека телото е она со што излегуваат на улица и дека немаат автомобил да ги заштити. Вакви слични протести организираат уште од 2006 година, привлекувајќи огромно медиумско внимание.