Во Германското место Хасендорф, близу напуштена гостилница пред неколку седмици се паркирал подвижен бордел. Во него седела жена и чекала муштерии. Тоа толку многу ги вознемирило жителите на малото село што повеќе не ги пуштале децата да си играат во дворовите.
Поради борделот се побунил и градоначалникот Клаус Драер кој најавил жестока борба. Неговата борба се исплатила бидејќи управата на округот одлучила дека борделот мора да се тргне до наредната седмица. Во образложението пишувало дека борделот секој ден стои на истото место како и зградите и дека за тоа треба посебна дозвола.