Протеинските диети во последно време се се попопуларни, но долгорочно истражување покажало дека немаат баш така сјајни последици.
Протеинските диети како што се Аткинсова или Дукан диета всушност го зголемуваат ризикот на наталожување вишок на килограми и имаат многу негативен ефект врз здравјето на срцето, покажало истражување спроведено врз 7 000 луѓе.
Во истражувањето е утврдено дека луѓето чија исхрана содржи голема количина на протеини долгорочно имаат значително поголем ризик од дебелеење од луѓето со различни прехрамбени навики.
Консумирањето на големи количини на протеини и поврзаност со смртта и телесната тежина претставувала основа за анализа на податоци од шпанското истражување, ниту еден од испитаниците на почетокот од истражувањто немал проблеми со срцето, но сите биле ризични поради килограмите или здравјето.
Истражувањето покажало дека зголемен внес на протеини е директно поврзан со дури 90% поголем ризик од добивање повеќе од 10% телесна тежина по што протеините се замена за јагленохидратите, а зголемен ризик е забележан и кај оние кои протеините ги замениле со маснотии.
Зголемениот внес на протеини е поврзан и со 59% поголем ризик од смрт после замена на протеините со јаглени хидрати и дури 66% поголем ризик кога ќе се заменат мастите.
Заклучокот е едноставен-моментално не постојат докази кои потврдуваат дека протеинските диети се добри за здравјето.
извор:metro-portal.hr/