Во охридската локална самоуправа, револтирани од овој потег на министерството, објаснија дека општината нема средства за да ги исплати овие издатоци, затоа што таа е сеуште во прва фаза на децентрализација и нема средства за оваа намена.
– Општината има надлежности само врз училишните објекти, а не и врз вработените и нивните плати. Ние немаме предвидено средства во буџетот за оваа намена, така што вработените во образованието на кои им е укинато ова право, од страна на министерството, можат да реагираат само таму, бидејќи локалната власт нема законска должност за преземање на таква обврска, се’ додека Охрид не влезе во фискалната децентрализација. -рече Митре Велјаноски, раководител на општинскиот сектор за јавни дејности.
Тој нагласи дека за оваа година биле намалени и дотациите за основните и средните училишта што општината секоја година ги добива од министертвото, така што локалната самоуправа ќе биде изложена и на други дополнителни трошоци во образованието, кои исто така сеуште не се во нејзина надлежност.