На состанокот, преставникот на локалната самоуправа Митре Велјаноски објасни дека во Буџетот на општината, во делот за образование , не се определени наменски дотации, односно средства за превоз на вработените.
-Ние, како општина, која сеуште е во прва фаза на децентрализација, законски
сме обврзани да се грижиме само за тековното одржување на училиштата и за
превозот на учениците, но никако и за превоз на вработени, односно за исплата на плати и надоместоци за пат. –рече Велјаноски.
Тој објасни дека минатата година, кога Министерството за образование ги исплаќало патните трошоци, Општина Охрид добила дотации за образование од близу 25 милиони денари, а за 2010 година, кога Владата бара општината да ја превземе оваа обврска, дотациите се намалени за близу пет милиони денари.
-Поради ова сметаме дека не е во ред, намерата на Владата, да ја префрла оваа обврска кај нас, кога нема услови за исполнување на истата. Но дури и да имаме свои средства и волја да ги исплатиме патните трошоци, ние немаме законско право тоа да го правиме– нагласи Велјаноски.
Претседателот на Регионалниот Одбор на СОНК за Охрид, Љубомир Јанкулоски, најави итна консултација со Советот на СОНК и со претседателот Дојчин Цветаноски, кому ќе му ги пренесе цврстите ставови на охридскиот огранок на синдикатот, за неодложно решавање на настанатиот проблем.