Холандските проститутки бараат исти пензиски бенефиции како и професионалните фудбалери, бидејќи како и нив и тие во младоста извршуваат „тешка физичка работа“, изјавила нивната адвокатка. Вил Пост, правната застапничка на компанијата фреј која планира да го преземе бизнисот со проституција во Утрехт рекла дека и фудбалерите и проститутките работат тешка физичка работа која не можат да ја извршуваат цел живот. Таа објаснила дека мажите повеќе сакаат млади жени и секогаш настапува време кога за проститутките повеќе нема работа.
Пост побарала од холандските даночни служби да одобрат пензиски бенефиции исти како кај фудбалерите, а кои подразбираат пократок работен век. Проституцијата е легална во Холандија од 2000 година, под услов истата да не се извршува под присила. Проститутките кои работат за фирми како Фреј примаат плата, склопуваат договор за работа, можат да примаат надомест за невработени во случај да ја изгубат работата и имаат право на државна пензија.