Двајца мажи од Малезија телефонски пријавиле дека по посетата на проститутки останале без бубрези. Првиот кој се јавил тврдел дека бил кај проститутка во Јохор Бар. Се разбудил во када полна со мраз и со рана на стомакот.
Крај себе нашол мобилен телефон со инструкции да повика брза помош. Другата жртва се разбудила на автобуска станица со вреќи мраз околу струкот и исто така конци на стомакот. Полицијата не може да ги потврди случаите бидејќи жртвите не се претставиле. Сепак не можат ниту да ги демантираат бидејќи такви работи редовно се случуваат на Филипините, во Индија и Кина.