Македонската телевизија обезбеди директен пренос од фудбалскиот натпревар помеѓу селекциите на Македонија и Полска. Мечот ќе се одигра во Анталија, Турција со почеток од 17:15 часот.


Престојниот дуел со Полска е од пријателски карактер. Селекторот на А селекцијата Чедомир Јаневски ќе го искористи за проверка на квалитетот на фудбалерите кои доаѓат од Првата македонска фудбалска лига меѓу кои е и охриѓанецот Ристе Маркоски.

Мх.П.