Британката Лорна Гоби наздравила со чаша виски и цигаре за својот стотти роденден, но и за 70 години активно пушење и пиење алкохол. Првото цигаре го запалила 1940-та година,а дневно пуши по една кутија. Роденденот го прославила со своите пријатели во локалниот клуб, каде, како што вели, танцувала цела ноќ.


Уверена е дека за нејзината долговечност е заслужен нејзиниот забавен животен стил. Вели дека долго време пуши и пие и дека до сега немала никакви проблеми. Секогаш се обидувала да ужива во животот. Мисли дека е важно да го правиш она што го сакаш, и да не дозволиш ништо да те депримира. Сака цигари, пиво и виски. и сеуште активно кугла. Никогаш не мислела дека ќе доживее 100 години.