Непознатиот среќник или среќници ќе добијат нешто повеќе од 100 милиони евра.
Повеќе од стотина луѓе се собрале и пееле цела вечер пред локалот каде што е продаден тикетот кој носи рекордни 100.756.197,30 евра.
– Среќен сум поради Катанија и се надевам дека тоа ќе биде позитивен знак за градот – вели градоначалникот Рафаел Станканели, и се надева дека добитникот ќе почувствува морална обврска да и помогне на заедницата.
Катанија се наоѓа во подножјето на Eтна има повеќе од милион жители и еден од најсиромашните градови во Италија.