Поранешниот чувар на мрежата на Партизан и југословенската репрезентација сочинета од Србија и Црна Гора, Ивица Краљ, престојува во работна посета на Охрид. Тој со претставници од локалната самоуправа на Шабац оствари средба со градоначалникот Јован Стојаноски. На неа, меѓу другото, се разговарало за можноста фудбалски екипи од Р. Србија да имаат подготовки во Охрид, како и за организација на тренинг кампови. На состанокот се разгледувале и можностите за идна економска соработка помеѓу двете општини.

Kраљ ги разгледа спортските капацитети на Охрид и оствари работна средба со директорката на јавното претпријатие „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска, на која било договорено фудбалскиот клуб Мачва од Шабац, каде сега работи Краљ, да има еднонеделни подготовки во Охрид на крајот од јануари.

Српската екипа ќе биде една од неколкуте кои зимските подготовки ќе ги одработат на терените со природна и вештачка трева на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

OhridNews