Централната прослава која што беше организирана во центарот на Скопје, по повод 20-годишнината од независноста на Македонија чинела 90.000 евра, соопштуваат од Владата.
Во оваа сума е пресметана организацијата на централната прослава и ангажирањето на комплетната техничко-логистичка опрема, организацијата на транспортот за граѓаните кои живеат во внатрешноста на Македонија и уметничко – сценската програма.
Како што соопштуваат од Владата, за организирањето на прославата биле спроведени соодветни постапки согласно законските прописи „со целосна транспарентност на процесот“. Од Владата им се заблагодаруваат на сите граѓани кои вчера учествувале на прославата.
„Владата на Македонија испраќа благодарност до сите граѓани на Македонија, кои со својот однос и присуство придонесоа за достоинствена и горда прослава на 20 годишнината од независноста на Република Македонија, што придонесе за засилување на чувството на обединетост и сплотеност“ се вели во соопштението на Владата.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com