Денот на Армијата на Република Македонија-18 Август,  и јубилејот 15 години од постоењето, денеска свечено е одбележан во касарната  „Генарал Михајло Апостолски“ во Охрид.


Во Охрид формациски е поставена  Втората механизирана пешадиска бригада која  на централната свеченост што по повод денот на АРМ ќе се одржи утре во Скопје ќе биде одликувана од страна на претседателот на државата и врховен командант, Бранко Црвенковски.

АРМ од осамостојувањето до денес се трансформираше во мала мобилна армија подготвена да одговори на современите предизвици, за што потврда се мировните мисии во Авганистан, Ирак и во Б и Х. Тоа според воениот врв е доволен доказ дека АРМ е подготвена за членство во НАТО, одлука што Македонија  очекува да биде донесена  на Самитот на алијансата во Букурешт догодина.


Г. Момироски