Легендарниот американски комичар Ирвин Кореј (97) во стари алишта скита низ улиците на Њујорк и секој ден во последните 17 години проси. За возврат дава бесплатни весници. Актерот, комичар и политички активист не е бездомник нити пак сиромав. Живее во луксузен стан вреден 3.5 милиони долари.
Глуми бездомник бидејќи е осамен откако му починала сопругата. Сите пари, а понекогаш собира и до 250 долари дневно, ги дава во добротворна организација за медицински потреби за децата во Куба. Во својата 80 годишна кариера работел со Џеки Гесон и Вуди Ален. Се појавувал во шоу со Дејвид Летерман. Сеуште настапува во локален клуб два пати неделно, а неодамна бил на гостување во Чикаго.