Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март годинава изнесува 21.402 денари и во однос на март лани е повисока за 1,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи, пред сѐ, на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „уметност, забава и рекреација“ за 9,4 проценти, „други услужни дејности“ за 7,1 процент и „дејности на здравствена и социјална заштита“ за 5,5 проценти.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „рударство и вадење камен“ за 15,6 проценти, „земјоделство, шумарство и рибарство“ за 6,8 проценти и „трговија на големо и трговија на мало“, „ поправка на моторни возила и мотоцикли“ за 6,2 проценти.
Исплатената месечна бруто плата во март изнесувала 31.455 денари.
Во март годинава 1,1 процент од вработените во Македонија не примиле плата.
OhridNews