Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, бележи зголемување од 2,7%. Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација , Други услужни дејности и Дејности на  Здравствена и социјална заштита .

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2015, изнесува 22 071 денар. Во мај 2015 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не добиле плата.

OhridNews