Ова го објави Државниот завод за статистика, додавајќи дека во споредба со истиот месец лани, просечната плата пораснала за 3,4 отсто.
Ваквото зголемување пред се е резултат, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Рударство и вадење на камен, Образованието и Преработувачка индустрија.
Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Сообраќај, складирање и врски (9,7 отсто), Рударство и вадење на камен (7,5 отсто) и Хотели и ресторани (5,3 отсто).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2010 изнесува 30. 598 денари, што е за 517 денари повеќе во однос на претходниот месец.
Во мај 2010 година, 4,4 отсто од вработените во Република Македонија не зеле плата.